Press "Enter" to skip to content

Никола Пискачев нов директор на ОУ “Стив Наумов“ во Битола

Никола Пискачев е нов директор во Основното училиште “Стив Наумов“ во Битола, со одлука на министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

-Привилегија е да се работи со нашите ученици, со ваков колектив наставници, родители- соработници од локалната заедница за заеднички да го постигнеме најдоброто за нашето училиште. Заедно ќе ги оствариме моите планови за во иднина кои се насочени кон училиште кое нуди современа, прилагодена настава, негување на стимулативна, мултикултурна и безбедна средина каде секогаш во центарот на вниманието се учениците и ќе бидеме европско и модерно училиште, напиша Пискачев.

Никола Пискачев е долгогодишен наставник во ОУ “Стив Наумов“ во Битола, за директор доаѓа на местото на досегашната директорка Дијана Христовска.

More from ВестиMore posts in Вести »