Во Битола вчера, во рамките на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи “Безбедно лето“, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на вчерашниот ден во Битола беше спроведена превентивна кампања насочена пред се кон возачите на мотори, велосипеди и електрични тротинети “Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“.
Со ваквите превентивни акции директно се влијае на подигањето на нивото на сообраќајна култура, а на тој начин се намалува бројот на жртви во сообраќајот. Безбедноста во сообраќајот е одговорност на сите нас и сите заеднички мора да го подигаме нивото на сообраќајната култура.
Токму како резултат на активностите што ги спроведуваме изминатите години евидентен е трендот на опаѓање на бројот на жртви во сообраќајот кој секоја година се намалува, но, се разбира, и една жртва за нас е многу, па затоа продолжуваме интензивно да работиме за уште повеќе да ја намалиме оваа бројка.
Податоците од првата половина на 2022 година на територијата на СВР Битола покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првата половина на 2022 конкретно за моторциклистите можеме да кажеме дека оваа година немаме жртви моторциклисти, додека минатата година биле 2 жртви во првите пет месеци од 2021 година.
Исто така и бројот на моторциклисти кои се здобиле со тешки телесни и телесни повреди е во намалување споредбено со минатата 2021година. Оваа кампања што денеска ја спроведуваме е за да влијаеме на свеста на возачите и на тој начин самите да си ја зголемат безбедноста.
Ова особено важи за возачите на мотори, но и за возачите на електрични тротинети, кои се се помногубројни. Носењето кацига може да ви го спаси животот.

Безбедно лето: “Носи кацига, вози одговорно!“- превентивна активност на СВР Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола: јавен повик за линии за општински превоз на патници во Општината и субвенционирање на линии до руралните средини
- Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките, борба за пласман во плеј-офот
- Почина најстарата битолчанка на 108 години, Рејчел Нахмијас еврејка која се спасила од Холокаустот
- Во Битола облачно со сончеви периоди, температурата до 2 степени
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари





