Во понеделникот на 4.07.2022 г. во малата сала на Центарот за култура во Битола се одржа промоција на третата книга на авторката Соња Георгиевска од Битола, под наслов “Средба со езерата“. Издавач на ова дело е издавачката куќа “Дата Песнопој“ од Битола, рецензенти се проф д-р Марија Котевска Димовска, м-р Сања Мучкајева – Видановска и проф. Илија Мерковски. Промотори на настанот беа Симеона Павловска и Валентин Дамчевски.
Нашата македонска литература не може да се пофали со дела чија содржина е спиритуална (духовна), но токму ова дело би требало да предизвика голем чекор напред во насока на себеспознавањето и будењето на свеста кај современиот човек.
Претходните нејзини дела – “Мојот божествен пат кон успехот“ и “Остварена мисија”, се резултат на нејзините почетни години во духовниот раст и развој, како и во почетоците на нејзиното духовно трагање и истражување. Соња го споделувам нејзиното лично искуство од секојдневното живеење низ призмата на духовноста, односно скалилата на развој на нејзината душа преку различните животни прилики и неприлики. Авторката верно го одсликува духот на нашето општество во ова време на се побрзо и побрзо будење на свесноста. Патоказите што ни ги остава во нејзините дела, отвораат порти за нови можности во креирањето на животот.
Во третата книга на авторката Соња Георгиевска, веќе започнатиот пат кон нејзиниот духовниот развој, ја однесе на нови возбудливи езотерични патувања и доживувања, во потрагата за нови духовни информации од оној невидлив, а сепак реален свет со кој контактираат и комуницираат редок број на луѓе.
“Средба со езерата“ има специфична содржина и претставува спој на научното со спиритуалното, што претставува прво и единствено дело на овие простори. Всушност, книгата која воглавно има географско-лимнолошко-спиритуална содржина, ги обработува лимнолошките карактеристики на сите вештачки езера, како и тектонските езера во Македонија. Во неа во детали се опишува секое езеро посебно, со неговите географско-лимнолошки карактеристики. Во контекст на научните податоци, се прави интересен спој со спиритуалното, односно на еден префинет начин, се доловува средбата на авторката со секое езеро, опишувајќи ги спиритуални спознанија, увиди и доживувања, како и пораките кои ги добива при секој нејзин поединечен контакт.
Книгата “Средба со езерата“ би дала голем придонес во македонската литература бидејќи претставува единствена книга која во себе ги содржи податоците за секое езеро, собрани на едно место, а воедно навлегува и во високите сфери на свесноста, невидливото, спиритуалното, имагинарното…
Остварувајќи ја средбата со секое езеро, Соња успеа до го достигне својот душевен мир и спокојство, доживувајќи нови возвишени спознанија кои се посебни и единствени за секое езеро. Нејзината порака не упатува сите нас да сe потрудиме да го пронајдеме односно достигнеме својот душевен мир за да уживаме во убавините на животот. Мирот е конечната состојба кон која тежнееме во се што работиме.

Промовирана “Средба со езерото“ нова книга на Соња Георгиевска (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Европа поблиску преку јазиците, културата и виртуелното учење – со УКЛО КОЛОРС
- Денес православните верници ја прославуваат света Петка или Црна света Петка
- Во Битола променливо облачно, температурата до 13 степени
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
More from КултураMore posts in Култура »
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови









