Екипи на ЈП “Комуналец“ од Битола, ја исчистија депонијата која се наоѓаше на улицата “Мирче Ацев“, место кое битолчани го препознаваат “Кај Скуберни“.
На ова место имаше комплекс дуќани кои за жал не беа во функција подолго време, искршени беа излозите, откорнат целиот инвентар, однесено се, а никна депонија.
“Комуналец“ на барање на граѓани од овој регион ја исчисти депонијата, но секако во иднина не треба да се дозволи повторно “полнење“ на ѓубре на дуќаните.

Исчистен напуштен објект на ул. “Мирче Ацев“, депонија кај “Скуберни“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Европа поблиску преку јазиците, културата и виртуелното учење – со УКЛО КОЛОРС
- Денес православните верници ја прославуваат света Петка или Црна света Петка
- Во Битола променливо облачно, температурата до 13 степени





