Press "Enter" to skip to content

Пеце Милевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, со обраќање по повод 17 јули денот на формирање на Општинскиот комитет

По повод 17 јули, денот на формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Пеце Милевски со обраќање кое го пренесуваме во целост, и во кое се вели:

-Во овие години на предавства и време на разочарување, кога надворешните непријателски пропаганди повторно се надвиснати над народот на Македонија, над историјата, културата и државата, единствен вистински столб кој од дамнина до ден денес стои и се бори е ВМРО. Постои повеќе од еден век, а ВМРО ДПМНЕ пак повеќе од три децении се бори за прашањата кои го допираат реалниот живот, ги брани највисоките национални и државни интереси.

На 17 јули пред 32 години во Битола е формиран ОК на ВМРО ДПМНЕ. Искрена и огромна благодарност на основачите и ветераните, кои го определија патот по кој се движиме. Беспредметно е да повторуваме голема вистина дека европеизацијата, НАТО, се првите сериозни заложби на ВМРО ДПМНЕ.

Но, ова што сега ни се случува, е процес сосема различен од европските вредности и достоинства, процес кој што е вистински удар за националното достоинство на секој кој што живее во Македонија, но и удар за секој Европјанин кој што споделува вредности на почитување на посебностите, вредности на самоопределување, на основни човекови права. 21 век, ни оддалеку никој не можеше да претпостави дека ќе донесе вакви времиња за Македонија, а повеќе од еден век претходно на пример Европа се восхитувала и гласно известувала за акциите на Гемиџиите.

Но, предавање нема, никој лесно не затнал стерна, никој никогаш не победил народ. Посветено, трпеливо, постојано и со жар тука сме! Си требаме повеќе од било кога едни на други, и требаме на Битола и на Македонија!!! 32 години ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА – 32 милиони причини и поттик да ја продолжиме борбата за Битола, борбата за Македонија!

More from ВестиMore posts in Вести »