Press "Enter" to skip to content

ЈП “Комуналец“ – Битола: и по чистењето во петокот, продолжува фрлање ѓубре од несовесни граѓани

ЈП “Комуналец“ – Битола информира дека и покрај напорите на на ова јавно претријатие од Битола за одржување на здрава животна средина и натаму продолжуваат навиките на граѓаните да одлагаат и да фрлаат секаков вид на отпад на места на кои веќе претходно се исчистило. Како општествено одговорно претријатие редовно во своите активности, како и по барања на граѓани јавното претпријатие чисти и расчистува диви депонии и локации на кои завршува секаков вид на оптад.За жал продолжува практиката на создавање на нови диви депонии или користење на старите локации за фрлање и одлагање на секаков вид на отпад.

Во петок на ден 15 јули од страна на ЈП “Комуналец“ надвор од своите тековни активности, беше организирано чистење на диви депонии на две локации: месноста викана Тепија и локација на патот околу страите “Св. Неделски гробишта“. За жал од страна на несовесни граѓани на наведените локации посебно на локацијата кај старите “Св. Неделски гробишта“ повторно за време на викендот создадена е дива депонија. Сликите зборуваат повеќе од се.ЈП “Комуналец“ Битола ќе преземи мерки на пријави до надлежните општинаски институции ваквите појави да бидат санкционирани. ЈП “Комуналец“ како одговорно јавно претпријатие во наредните денови ќе преземи мерки за повторно средувањеа на состојбата на наведената локација.

More from ВестиMore posts in Вести »