Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Јордан Велевски-Орце

Денес во Битола на 73 годишна возраст, по долго боледување, почина Јордан Велевски – Орце, поранешен шампион во автомобилизам, во националната класа, со популарното “фичо“, во поранешна Југославија и Македонија, кој желбата и борбата за живот не го напушти до последниот ден.

Орце со бенката, како го нарекуваа и познаваа битолчани, роден во Битола, кај Чифте Фурни, беше дипломиран правник, “без еден ден правнички стаж“. Тој беше препознатлив и како ,Орце инструкторот, во авто школа АМД, обучил за возачи над 3.000 кандидати, а потоа имаше приватен бизнис.

Автомобилски тркач кој учествувал на сите трки  низ Југославија  во “националната класа“ – “фичо“, во сите категории, победник во ридски-брзински трки, кружни и трки во вешто возење, иноватор и конструктот на првото баги-фичо во тогашна Југославија.

Орце возел и победувал на Водно, Авала, Сљеме, Цетиње, Фоча, Јахорина, Игман – ридско брзински и Краљево, Крагуевац, Ушче, Нови Сад, Славонска Пожега, Крушево, Галичица, Пониква, Пробиштип… вкупно над 50 победнички постолја. Покрај возењето бил организатор на трки на Галичица, Крушево, помагал секаде во организацијата, а бил и организатор на мото-трките кај Братиндол.

Орце не ја одржа последната трка во кариерата, која ја одложуваше, а пехарот од таа трка нема да го постави на гробот на Тоше Проевски, што му беше последна спортска задача, под псевдонимот, Петар Македонски, кој го користеше последните години од натпреварувањето, а Орце и јас како негов последен клубски претседател, кој се уште чува печатите од клубот, како аманет од него, поради неговата болест не ја организиравме таа ревијална трка.

Орце, автомобилизмот го сведуваше на неколку збора, возбудување, адреналин, многу откажувања и разочарување, а кај него разочарувањето беше налголемо, поради многуте спортски неправди кои му беа нанесени во неговата кариера,

Опелото ќе се одржи утре во црквата “Св. Димитрија“ во 12 часот, а погребот во Буковските гробишта во Битола.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »