Press "Enter" to skip to content

Започна реконструкцијата на дел од “Булеварот 1-мај“ од Безистенот до мостот на Сали

Започнаа  инфраструктурните активности на улицата “Булевар 1 мај“, како дел од проектот за реконструкција на коловоз, канализација и водовод на оваа улица, на потегот од улицата “Добривое Радосављевиќ“ до улицата “4 ти Ноември“.

Во моментот, се врши реконструкција на водоводната мрежа во должина од 592 метри, а ќе следува промена на канализационата мрежа и нов коловоз на улицата. Вкупната вредност на проектот изнесува 17.802.287 денари.

За време на градежните работи, воведен е и нов времен режим на сообраќај, на делницата каде што се одвиваат активностите.

Со цел комплетно завршување и уредување на овој дел, согласно склучениот договор во март годинава, предвидено е и ново улично осветлување со поставување на 25 нови канделабри на потегот од “Мал Безистен“ до улица „4 Ноември“.

More from ВестиMore posts in Вести »