Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за поседување марихуана, физички напад врз сопруга и во угостителски објект…

На 18.07.2022 на ул. „Крушевска Република“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола  лишиле од слобода 19 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.07.2022 во СВР Битола, 37-годишна жена од Битола пријавила дека во нејзиниот дом била физички нападната од сопругот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 18.07.2022 во СВР Битола, В.Р. (39) од Битола  пријавил дека во угостителски објект на ул.„Димитар Илиевски Мурато” во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.07.2022 во СВР Битола, В.Д.(61) од Битола пријавила дека на паркинг просторот во Новиот пазар во Битола била касната од куче скитник. 

На 18.07.2022 во периодот од 21-24 часот на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа  акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 13 возачи, од кои 8 за управување возило со брзина поголема од дозволената во населено место и 5 надвор од населено место.