Press "Enter" to skip to content

Свечено отворена приватната установа за социјална заштита на стари лица “Дом Софија“

Денес, официјално беше пуштена во употреба Приватната установа за социјална заштита на стари лица „Дом Софија“ во Битола, со голем број на гости, градоначалникот на Битола – Тони Коњановки, Владиката Петар, претседателката на Советот на Општина Битола – Габриела Илиевска, бизнисмени, штитеници, деловни шартнери…

Пред присутните гости и пријатели сопственичката Софија Ристевска се заблагодари за присуството и раскажа како дошле до идејата за отворање на овој објект, при што рече:-Нашата идеја не е само да ги згрижиме нашите штитетници внатре, туку да им дадеме и надеж за живот. Третото доба не секогаш е доба во кое луѓето умираат. Или барем тоа не е нашата филозофија. Татко ми имаше идеја да инвестираме во старски дома, а секогаш кај нас идејата за незгрижениот човек, за старите луѓе ни била блиска бидејќи имаме три психолози во семејството, и со тоа и идејата деа мораме да помогнеме.

Таа додаде и дека сите нивни штитеници, ќе бидат медицински опслужени, ќе имаат надзор, но и активен социјален живот. 

-Оваа инстутуција ќе дава право за активно стареење. Луѓето да не доаѓаат само за да ја дочекаат својата смрт тука да го изживеат третото доба достинствено, рече Ристевска.Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски им честита на сопствениците за иницијативата и заложбата за реализација на идејата, што денес резултира со успех и создавање нов капацитет со европски стандарди за грижа на старите лица.

-Верувам дека со високите стандарди кои ги исполнува објектот, корисниците на оваа установа ќе имаат можност за удобно сместување, квалитетна услуга, но и исполнети денови. Со воведувањето и на други социјални услуги, како: дневен центар за активно стареење, семејно советувалиште и сервис за помош и нега во домот, бенефитите ќе може да ги почувствуваат многу граѓани од Битола, а сигурно и од регионот. Оваа инвестиција, покрај што е особено важна за подобрување на социјалната заштита и здравствената нега на повозрасните сограѓани, истата има и позитивно економско влијание во општината, преку отворањето на нови можности за вработување. Се надевам дека, овој и други успешни примери, ќе го следат и други инвеститори, кои ќе градат и развиваат нови капацитети и бизнис идеи во нашиот град, а Битола во периодот кој претстои ќе продолжи да се развива како економски привлечна дестинација, рече градоначалникот Коњановски на денешното отворање на приватната установа „Дом Софија“.Проф Д-р Гордана Ристевска- Димитровска, директорка на установата, на денештото отворање рече:

-Домот ќе биде отворен и за пензионери, повозрасни лица и сите љубители на клубови кои тука ќе се развијат. На почеток отвораме дневен центар за активно стареење во чии рамки ќе имаме две групи за почеток, група на лица коишто живеат со деменција и  друга група на корисници-пациенти кои боледуваат од определени потешки растројства кои се во хроничен тек и ќе може исто така тука да добијат квалитетна психо-социјална дневна услуга. Попладне ќе има интересен живот за пензионерите преку клуб за шах, карти, читање на книги и разно разни активности. Домот е во фаза на лиценцирање на сервис за помош и нега на лица кои живеат дома.

Инаку, објектот зафаќа површина од 1500 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 60 корисници. Со отпочнувањето со работа, ПУСЗ „Дом Софија“ вработува 16 лица, а при полн капацитет ќе вработува 30 лица. Интерес за сместување има од целиот Пелагониски регион, како и од Охрид, Струга и Кичево.