Денес, понеделник, 13 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хисрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне можност за краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 23 степени.
Утре, вторник, 14 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд. Наместа ќе има изолирана појава на пообилен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Температурата во Битола до 18 степени.






