Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 стартува со подготовките во Битола, продолжува во Маврово

Синоќа во Битола започна со подготовки за оваа сезона, под раководство на Александар Јовиќ кој трета сезона ја води битолската екипа, а оваа година и на меѓународна конкуренција.

Во стручниот штаб ќе биде Васко Димитровски кој заврши со играчката кариера.Еурофарм Пелистер минатата сезона избори за европско место во квалификациите на Европската лига, а тимот се потпира на млади македонски играчи. Единствен странец е младиот црногорски голман Василије Пичурица.

Филип Арсеновски, на стартот на подготовките рече:-Нов почеток дури и со подмладена екипа во споредба со претходната сезона. Имаме неколку заминувања, неколку нови ракометари, но ќе продолжиме со истиот дух. Секако дека Еурофарм Пелистер 2 може да ја повтори претходната сезона во која бевме четвртопласирани. Остваривме голем резултат за битолската публика и за градот. Ќе ги повикам гледачите кога ќе ги играме европските натпревари да дојдат да нè поддржат, бидејќи ќе оставиме срце на терен. 

Подготовките ќе минат во две фази, во Битола и Маврово, а ќе одигра три контролни натпревари против Охрид и Вучитрн од Косово. Првиот официјален натпревар е за пет недели против Алпла Хард во Австрија на 27/28 август – ЕХФ Лига Европа.

More from СпортMore posts in Спорт »