Press "Enter" to skip to content

Од утре забрана за движење во Националниот парк “Пелистер“, пријавување за дозвола за движење

Почитувани посетители на Националниот парк “Пелистер“ – Битола.

Ве известуваме дека поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Ј.У.Н.П. “Пелистер“ – Битола воведува задолжително пријавување на поединци или групи кои планираат движење во шумите и шумското земјиште на територија на паркот во периодот од 6:00 до 20:00 часот.

Задолжителното пријавување заради издавање на дозвола за движење на територија на НП “Пелистер“ не важи за органите на Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти.

Пријавувањето може да го извршите во просториите на НП “Пелистер“ на улица “Виенска“ бр. 14 или преку е-маил адресата np.pelister@yahoo.com

За пријавување на е-маил , потребни се следните податоци:

1. Име и презиме

2. Број на лична карта

3. Локација на која ќе се движите

4. Дата

5. Регистарски таблици

More from ВестиMore posts in Вести »