На 21.07.2022 во СВР Битола, 37 годишна жена од Битола пријавила дека во домот во Битола, нејзиниот сопруг физички ја нападнал, при што употребил и тврди предмети. Се преземаат мерки за рачистување на случајот.
На 21.07.2022 во СВР Битола, 30 годишен жител на демирхисарско село пријавил дека на ул.„Минела Бабуковски“ во Битола бил физички нападнат од неговиот внук од Прилеп. Се преземаат мерки за рачистување на случајот.
На 21.07.2022 во 18.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Ѓавато – Тополчани, пред село Могила, малолетничка од село Могила, управувајќи мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од село Кукуречани, а мотоциклистката се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.
На 21.07.2022 во СВР Битола, Б.А. (34) од Битола пријавила дека на ул.„Широк Сокак“ во Битола таа и нејзиното куче биле нападнати од куче сопственост на друго лице. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.