Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.07 до 24.07.2022) направени се 2.989 тестови, а регистриран е 1.261 нов случај на Ковид-19, во Битола се 107.
Регистрирани сe 1.085 оздравени пациенти од Битола се 80.
До сега во Битола има 16.489 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 340 случаи.
Во текот на изминатите 3 дена (22.07-24.07.2022) пријавени се 4 починати лиц, едно лице од од Битола на возраст од 84 години, во болнички услови.
Направени се во Битола за три дена 123 тестови преку ЦЈЗ Битола 86 и “Плодност“ 37.
Досега во земјата се направени вкупно 2.108.611 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 323.425, бројот на оздравени пациенти е 309.761, на починати е 9.359, а бројот на активни случаи изнесува 4.305.