Младите пливачи на пливачкиот клуб Југ од Битола настапија на пливачкиот маратон на кој настапија 130 пливачи, од Македонија, Албанија и Косови. Митингот беше во организација на пливачкиот клуб Аква Спирит од Охрид, а се одржа на новоотворениот базен “Атина Бојаџи“ во Охрид.
Пливачкиот клуб Југ од Битола настапи со 13 пливачи, кои тренираат под раководство на тренерот Михајло Трампевски, а од митингот четворица пливачи се враќаат со медали. Со медали се закитија Михаил Петковски (2005) кој освои четири медали, и тоа, прво место на 100 грбно, второ место на 100 краул, трето место 50 краул, второ место на 50 грбно.
Андреј Китевски (2010) освои трето место на 50 грбно.
Максимилијан Лазевски (2008) освои трето место 50 делфин.
Гаврил Петковски (2008) освои 3 место на 50 грбно.-Ова беше одличен тест на нашите пливачи кои засилено се подговуваа летово на Олимпискиот базен во Битола. Задоволени сме од постигнатите резултати, со освоените медали, а се надеваме дека на идните натпревари не само што ќе ги повториме резултатите, туку и се надевам дека ќе имаме и други пливачи кои ќе ги освојат за нив и за нашиот клуб.