Двата најрепрезентативни објекти во центарот на Битола, поранешната општинска зграда и сегашната продавница за книги, добија бетонска и железна ограда, која ќе ги заштити од понатамошни оштетувања.
Со поставувањето на масивната ограда нема само што се разубави овој дел од Битола, туку и нема зградите да бидат на мета на хулиганите кои секојдневно пополека ги уништуваа со пишување недолични графити и корнење и уништување на делови од нив.
Двете згради се во сопственост на Митрополијата од Битола, односно Преспанско-Пелагониската епархија, а порано едната зграда беше седиште на Општина Битола, а во другата прво беше сместена СОФКА, а потоа беше седиште на ВМРО-ДПМНЕ.