Во кафулето “Радост“ во центарот на Битола, со настапот на „Tsampazis Makis“ дуо бузуки бенд од соседен Лерин и презентација „Регионална храна, музика и уметност“ во кафе бар Радост, сониќа , се затвори 10-тото издание на ФЕСТИВАЛОТ ЗА ЛИТЕРАТУРА И АУДИО ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ „300 РАБОТИ, ТРИСТА“ од Битола.
На голема радост можеме да истакнеме дека за овие 10 години успеавме да иградиме еден препознатлив естетски континуитет, во фестивалот настаните како издавање на зборник, прераснуваат во традиција.
Во зборникот земаат учество автори кои учетвувале уште од првиот зборник, односн „КОЛЕГИУМСКИ ЗАПИСНИК 001“, но има и такви кои дебитираат во ова издание и со тоа го прават фестивалот побогат со нов авторски потенцијал. Во зборникот низ изданијата биле застапени автори од САД, Чешка, Индија, Кина, Србија, Естонија, Косово, Албанија, Франција и други.
Низ изминатите години натапувале музички бендови или музичари од Италија, Франција, Грција но оваа година оотварањето беше со два локални малади бендови , односно бендот Corrosion и бендот Sound Waves и двата од Битола. Секоја година фестивалот носи одредено мото или тема, за оваа година тоа е темата: „КОМУНИКАЦИИ“. Таа произлегува од спетот на авторските трудови во зборникот, музичките натапи, уметничките поставки, ошестевените околности и целосниот визуелен идентитет на овогодинечниот фестивал, за кој се погрижи Илија Талев.
Негови графики и илустрации се искористени на кориците на зборникот, плакатата и логото за овогодинешното издание. Околностите ни налагаат, на нас уметниците да се осврнеме кон себе и ближниот и да воспоставиме мостови на комуникации преку кои непречено ќе се движе естетската мисла. Едниствено нешто што не е подложно на сакции, блокади, рестрикции или било какви гушења е „МИСЛАТА“.
Искрено се надеваме дека со ова издание потикнавме позитивна и естетски издржана „МИСЛА“ кај секој еден посетител, автор или изведувач на овогидинешното издание на „300 РАБОРИ, Триста“ Целиот фестивал, се одвиваше во ОФ Програмата на Бит Фест 2022, и под покровителсво на Општина Битола. Покрај организаторот Игор Трајковски Фоја, оваа година, еден од фестивалските денови беше во коорганизација со здружението ЛАТРАЛ – Битола, финансиран од Министерството за Култура.

“Tsampazis Makis“ дуо бузуки бенд од Лерин во Битола го затворија фестивалот “300 работи, триста“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
- Советот на Општина Битола во 2026 година ќе работи по нов деловодник
- Стевче Алушевски е враќа во Еурофарм Пелистер, ќе биде нов тренер
- Во Битола облачно и студено со сончеви периоди, температурата до -3 степени
- Деновиве пред 10 години: во Кравари кај Битола отворена фабриката “Стиза“ за македонски чипс по австралиски рецепт (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
- Зимска приказна во Битола на осум локации, 200 часа програма, 67 бендови и над 20 соло изведувачи…
- Ана Талевска од Битола со инструменталната оркестарска верзија на “Рождество Твое, Христе Боже наш“
- Божиќен концерт со кој се празнуваше раѓањето Христово – “Свет, Свет, Свет“ (фотогалерија)
- Раде Шербеџија со “Западни Колодвор“ доаѓа на концерт во Битола (фото)









