Press "Enter" to skip to content

Со полагање цвеќе и поклон за Илинденците одбележан Илинден

Со полагање на цвеќе на Споменикот на илинденците во храмот “Света Недела“ во Битола и на споменикот кај Центарот за култура во Битола утринава започна чествувањето на големиот македонски празник Илинден. 

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, положи цвеќе на двата споменици и упати честитка до граѓаните по повод големиот празник Илинден. На 2 Август, еден од најголемите и најсветли празници во македонската историја, кога одбележуваме два значајни датуми, два Илиндена, неминовно се потсетуваме на нашите предци кои храбро во 1903-тата имаа визија и до последно се бореа за неа, за својата прва република на Балканот, како и на предците кои преку Првото заседание на АСНОМ, ги поставија темелите на денешната независна, слободна Република Македонија. Илинден нека ни биде своевиден патоказ, низ кој преку идеалите на нашите Илинденци, ќе научиме како сите заедно, да стигнеме до нашата подобра иднина, да оставиме подобро утре за нашите поколенија, да бидеме столб за нивната сигурност.Цвеќе положија и претставници од Советот на Општина Битола предводени од претседателката Габриела Илиевска.И политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преку свои делегации положија цвеќе на двата споменици.На одбележувањето на Илинден беа и претставници на Општинската организација на Сојузот на борци Битола и партијата ПОДЕМ.

More from ВестиMore posts in Вести »