Press "Enter" to skip to content

Утре “Нискоградба“ ќе поправа дефект на “Партизанска“, повремено без вода ќе биде дел од Нова Битола

Ве известуваме дека на ден среда, 3 август 2022, со почеток од 06:00 часот екипите на КЈП “Нискоградба“ Битола ќе започнат со санација на дефектот на фекалната канализациона мрежа на улица “Партизанска“ кај “Веро“.

Заради тоа, ЈКП “Водовод“ Битола ќе мора да го прекини водоснабдувањето на сите улици кои гравитираат кон таа канализациона цевка со цел непречено изведување на санацијата.Прекинот на водоснабдувањето ќе биди утре во среда на 03 август со почеток од 06:00 часот се до завршување на работите од страна на КЈП “Нискоградба“. Се очекува водоснабдувањето да се нормализира во раните попладневни часови.

Со прекинато водоснабдување ќе бидат следните улици: “Игнат Атанасовски“, “Димче Лахчански“, “Партизанска“ – 5те згради наспроти “Веро“, “Тодор Паница“, “Јонче Мурџевски“, “Кочо Чолаков“, “Алексо Наневски“, “Боривоје Радосављевиќ“, “Милан Петревски“, “Рудо“, “Трајче Стефановски“, “Пелистер“, дел од “Пожаревачка“, “Кочо Рацин“, “Епинал“ и останати улици над “Веро“ што се прикажани на мапата.

More from ВестиMore posts in Вести »