Press "Enter" to skip to content

Заврши 11. издание на “Битолино“ – Интернационалниот детски театарски фестивал (фотогалерија)

Вчера во Битола заврши 11. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, кој оваа година се одржа под мотото „Per astera ad astra“ (Патот до ѕвездите е трнлив). Фестивалот во Битола се одржа во нов формат, претставите се одиграа под отворено небо, на две сцени, на платото на Офицерски дом.Вчерашниот последен ден започна со преставата “Тажната нула“ на театарската школа “Бабец“ од Битола, под менторство на Јулијана Мирчевска. Мојата  приказна, вашата приказна, кои сме ние и зошто не секогаш сме таму каде што ни е местото но и фактот дека без ниту еден од нас целта не може да биде постигната, оваа приказна ќе биде пренесени низ играта на 7 деца од сите возрасти. Тие низ комични и лирични моменти ќе ни покажат дека иако малечки се свесни за светот во кој живееме и дека почитта едни меѓу други не прави само посилни а со тоа и помоќни да создаваме подобар свет.На пладне се одигра преставата “Исадора“ на Танцоциот театар од Чешка кои за прв пат настапија на “Битолино“. Во овој проект уметничките раководители прават успешен обид да го спојат танцот и театарот во една магична приказна за танчерката Исадора Данкан, која се смета за икона на современиот танц и која своите движења ги црпи од природните појави а најспецифично е нејзиното брановидно движење. Преку инспиративната животна приказна на Данкан и нејзиниот успех и покрај бедата во која растела гостите од Чешка испраќаат една силна порака до децата да останат свои во многуте животни борби кои ги очекуваат во иднина. 

Во вечерниот термин се одигра кловн шоу “Кој е таму“ на  “DOMOVOI THEATRE COMPANY“ од Швајцарија. Една голема ѕвезда од светот на физичкиот театар, специјалност кловнијада, Игор Мамленков, кој своето образование го стекнал на неколку универзитети ви Русија, Данска, Шпанија и на крајот во Швајцарија се стекнува со титулата магистер за физички театар – кловн. Неговата претстава е спој на кловновско шоу, музика во живо и интеракција помеѓу осаменоста и фолклорот преточени во една лирична поема и авантура која се случува внатре во нас. Претставата е спој на интимноста која ја има секој од нас во домот и јавниот настап на еден кловн.Последна претста на годинашното “Битолино“ беше театарот на сенки, “Шоу на светските ѕвезди“  на “CEMAL FATIH POLAT SHADOW THEATER“ од Турција. Настапи Кемал Полат кој својата кариера ја посветил на традиционалниот турски театар на сенки – караѓоз. Запознавајќи ги децата низ цела Турција, но и надвор од границите на својата земја, со овој специфичен театар на сенки и самиот пробал истиот да го осовремени а на тој начин да го доближи до остатокот на светот. Неговото „Шоу на светските ѕвезди“ преку многу забава и музика а пред се поради атрактивноста на светските ѕвезди кои „ќе настапат“ во Битола како Елвис Присли, Лучиано Павароти, Чарли Чаплин и др. ќе ја натера публиката со задоволство да ја проследи програмата а со тоа и одблизу да ја почуствува магијата на театарот на сенки. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »