Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавен повик за вклучување на 10 образовни асистенти во средни училишта (линк)

Општина Битола, објави јавен повик за ангажирање на 10 лица како образовни асистенти во средни училишта во период од 9 месеци. Повикот е дел од програмата општинско-корисна работа, проект „Негователи во детски градинки и образовни асистенти во средни училишта”.

Право на учество во програмата  имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во програмата.   

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Битола во периодот до 15.08.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Повеќе информации, може да се прочитаат на следниот линк

 https://www.bitola.gov.mk/јавен-повик-до-евидентирани-невработ/.