Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен битолчанец одгледувал марихуана кај “Брусничка населба“, сообраќајка кај Могила

На 09.08.2022 СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против 24 годишни лице  од Битола, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот во период од четири месеци во текот на 2022, откако од САД неовластено набавил семе од канабис сатива, по добиениот расад го засадил на ридски терен на м.в. „Брусничка населба“ и преземал активности за негово одгледување. На 08.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, пријавениот е затекнат на местото на засадените насади и лишен е од слобода, при што одземени му се предмети поврзани со кривичното дело. Извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Битола. 

На 09.08.2022 во 22.04 часот било пријавено дека на крстосницата од кракот Битола-државна граница со Р.Грција и патот Ѓавато-Тополчани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 45 годишник од Битола и патничко возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 34 годишник од село Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил могилчанецот, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »