Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност

Денес, понеделник, 15 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 29 степени.

Утре, вторник, 16 август, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 32 степени.