Press "Enter" to skip to content

Жарко Пешевски: секој битолчанец е подготвен да го бодри Еурофарм Пелистер

Во Битола, како нов член на тимот на Еурофарм Пелистер, по четири сезони минати во странство  во Украина и Германија, е пивотменот, репрезентативецот, Жарко Пешевски. 31 годишниот кружен напаѓач потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер, а клубот го најава како  големо засилување. На позицијата пивотмен со салата во Битола ќе биде заедно со Русинот Денис Васиљев.

Пешевски при официјалното претставување во клубските простории ппрвпат зборуваше пред медиумите Битола и на стартот зборуваше за подготовките.

-Искрено, задоволен сум како минаа базичните припреми во Маврово. Се работеше на високо ниво, минимум три-четири тренинзи на ден. Потоа се вративме во Битола, каде нивото на тренинг се намали. Работиме повеќе на тактичко-техничкиот дел, а трчањето е веќе зад нас. Се подготвуваме за 50.  јубилеен турнир во Струга, каде што ќе има многу квалитетни екипи и тоа е идеална шанса да се претставиме во најдобро светло пред двата важни дуели. Повеќе сме спринтерски ориентирани, има многу трчање, нема време за измени. Секој го дава својот максимум, па дури и јас се враќам и играм одбрана, па ако има шанса се менувам. Пешевски за тоа како ја гледа Битола, како ракометен град додаде:

-Бев подготвен да дојдам во Битола, ме подготвуваа на тоа. Но, не верував на гласини и на приказни, морав сам да се уверам. Секој битолчанец, и тој што има шанса да дојде во салата, а и тој што не доаѓа, спремен е да нè  бодри и желен е да го види Еурофарм Пелистер во најдобро издание.

More from ВестиMore posts in Вести »