Press "Enter" to skip to content

Денес на “Бит фест“ 12. издание на “Незаборав“

Во рамките на Бит фест 2022, денес, 16-ти август 2022 год. во Центарот за култура – Битола со почеток во 20.00 часот, по 12-ти пат ќе се одржи манифестацијата „Незаборав“ песни за Битола – втор дел.
Со песни за Битола на концертот во живо ќе настапат познати естрадни уметници од Битола.

Потсетување на претходните манифестации „Незаборав“: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски (Буба мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, Група „Битолски конзули“, Фестивалски фолк рефрени од битолчани, Драган Каранфиловски – Бојс и песни за Битола – прв дел.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »