Press "Enter" to skip to content

Семејството Еурофарм Пелистер со гламурозна прес-конференција ја најави новата сезона (фотогалерија)

Синоќа во “Голд Фелиција“ во Битола со гламурозна церемонија беа претставени двете екипи од семејството Еурофарм Пелистер од Битола за сезоната 2022/23, на која беа прусутни покрај ракометарите, спонзорите на клубот, пријателите, поранешни ракометари, новинари…Во едночасовна манифестација на екипите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 им се обрати претседателот проф. д-р Зоран Стерјев, кој изрази гордост што двата битолски клуба се уникатен проект во Европа, каде двете екипи ќе играат европски натпревари. -Сезоната која ни престои ќе биде напорна за двете екипи кои ќе се натпеваруваат на Европска сцена, па затоа сакам пред се да им посакам добро здравје на ракометарите. Од она што го видов во изминатите еден месец откако се подготвува екипата на Еурофарм Пелистер можам да кажам дека напорна и одлична работа е присутна и тука огромно е задоволсвото да се гледа како екипата тренира и напредува, а ќе додадам дека се создадени услови за одлични резултати како на домашен и меѓународен план.Што се однесува пак до Еурофарм Пелистер 2 можам да кажам дека проектот, како што е замислен функционира беспрекорно, а посебно гордост е што дури тројца ракометари од Еурофарм Пелистер 2 се промовирани во првата екипа. Од кадетските селекции двајца се приклучуваат во екипите на Еурофарм Пелистер.Пред клупските спонзори, партнери и новинарите беа претставени седумте нови ракометери во Битола, кои зборуваа за нивните први импресии во Битола, а сите рекоа дека сакаат да се заблагодарат за поканата да бидат дел од клубот, и да бидат дел од оваа екипа, а секако од градот, Битола, кој е познат како ракометен град.На церемонијата беше промовиран новиот капитен на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ доби пригоден подарок како нов клупски капитен, од страна на спортскиот директор Димитар Митревски, а при тоа рече:-Чест е да се биде капитен на клубот, но тоа е само титула, а јас сум исто така еднаков со сите. Јас и капитен ги почитувам сите ракометари, е секој ден учам од низ за другарство, пријателство, однесувањето на теренот на тренинг и натпревар.

Спортскиот дитектор на Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски на церемонијата зборуваше за она шти најповеќе ги интересира битолчани, љубителите на ракометот, а тоа се влезниците. Билет сака да има секој битолчанец, а Митревски рече дека сега ќе има блок влезница за сите натпревари на двете екипи на сите натпревари, а на столчето во салата ќе биде напишано името на сопственикот на влезницата. Митревски се осврна и на продажбата на дресовите од клубот за начинот на продажба и за фан зоните кои се планираат и оваа сезона со нови содржини, а можеби и на нов простор.Следеше промоцијата и на новиот тим на Еурофарм Пелистер 2 и на новиот капитен Стефан Талевски, кој го замени Васко Димитровски, а симболично капитенската грака му да врачи дитекторот на Еурофарм Пелистер, Горан Петровски. Талевски при промоцијата рече:-Не е лесно да се наследи Васко Димитровски, и да биде капитен на тимот, но тоа е голема чест која е надевам дека ќе оправдам, прво пред моите колеги и другари ракометарите, стручниот штаб кои ми ја доделија оваа чест, а секако и пред Управата.Васко Димитровски, сега веќе поранешен ракометар кој по 23 години минати во матичниот клуб замина во пензија. Клубот како знак на благодарност му подари дресот, а на него е запишан бројот 23, број на неговите минати сезони и му посака успех на новата функција  кондиционен тренер на клубот.На церемонија зборуваа и претставници на стручните штабови на двете екипи Божидар Мојсов и Александар Јовиќ кои ветија многу работа и секако успех во двата клубови.Васко Димитровски, еден од ракометарите со најдолг стаж во Еурофарм Пелистер и официјално замина во пензија. По две децении минати во матичниот клуб, 39-годишниот ракометар се реши да стави крај на својата играчка кариера, но нема да се раздели од ракометот. Во иднина, популарниот „Папа“ ќе биде дел од стручниот штаб на Александар Јовиќ и ќе работи како кондиционен тренер во тимот.Беше одбележан и еден од најголемите успеси на клубот и македонскиот ракомет – финалето на Челинџ Купот во сезоната 2021/22. На дваесетгодишнината од првото евро-финале на една македонска екипа говореше Стевче Стефановски.Тогашниот асистент на Богдан Маковеј ја образложи стратегијата на тој проект и важноста на таа генерација за македонскиот ракомет. Клубот ги промовира новите дресови, кои од четврток ќе бидат пуштени во претпродажба, а од следната недела достапни ќе бидат и сезонските билети за сите натпревари во сите натпреварувања на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 и ќе чинат 4.500 денари.Модератор и водител на грамурозната церемонија беше спортскиот новинар Зоран Мишевски.

More from ВестиMore posts in Вести »