Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Нискоградба“ – Битола одговори на барањата на “Поинаку“

-Поради зголемените врнежи од дожд кои Битола ја зафатија изминатите денови кои предизвикаа поплавени улици и застој на вода на одредени локации. Нашите екипи, иако делуваат редовно на терен во однос на чистењето на одводните шахти, повеќегодишната запоставеност на постоечките ободни канали и неизграденоста на нови ободни канали, резултираат со нефункционалност на канализациониот систем и одводнувањето. Како пример, населбата “Баир“, до Булеварот “1 Мај“, по секој пороен дожд се соочува со проблеми на нефункционалност на каналската мрежа, а истите проблеми се јавуваат и во населбите “Буковски ливади“, “Брусничка“ и “Лавчанска“ населба и “Стрчин“.

Нашите екипи во овие области редовно ги чистат сливниците и решетките, но очигледно се потребни нови зафати, бидејќи при секое чистење екипите се соочуваат со хаос од отстранување на ѓубре и градежен шут во шахтите. Чистењето се одвива во зависност од временските прилики и според договорот склучен меѓу општината и КЈП “Нискоградба“. Во текот на оваа недела, нашите екипи ќе работат на чистење на сливници и шахти на потегот на улиците “Стив Наумов“ -“Партизанска“ -“Дулие“ – “Филип II Македонски“ – “Железничка“.

Исто така, би сакале да Ве известиме дека поради лошата хидролошка состојба која се очекува во текот на оваа недела, чистењето на реката Драгор ќе се реализира со мало задоцнување. Потсетуваме дека минатата година, коритото на реката Драгор не беше исчистено.

Во однос на нашиот работен ангажман во паркот во “Нова Битола“, заедно со ЈП “Комуналец“ и ЈКП “Водовод“, ги започнавме теренските активности во текот на денешниот  ден.
More from ВестиMore posts in Вести »