Press "Enter" to skip to content

НУУБ “Св. Климент Охридски“ и “Дом Софија“ потпишаа меморандум за соработка

Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Бојан Стефановски и директорката на Приватната установа за социјална заштита на стари лица „Дом Софија“, проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска потпишаа меморандум за соработка.

На средбата се разговараше и за активности кои ќе ги спроведат двете установи во наредниот период. Како прва активност е планорано нашата Библиотека да донира книги со што ќе се креира мини библиотека во рамки на „Дом Софија“. Книгите се посебен вид на терапија (библиотерапија), која е особено значајна и кај лицата од третата доба.  Преку низа интерактивни активности кои се планирани во наредниот период, лицата кои се сместени во овој дом ќе имаат можност да уживаат и да се дружат со голем број на книги.

Исто така планирани се активности во кои лицата од оваа установа ќе бидат и самите вклучени во реализација на истите. Преку читање и заедничко творење нашата библиотека секогаш е во служба на сите категории на граѓани.

More from ВестиMore posts in Вести »