Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за обид за убиство на татко, оштетил апарата за игри на среќа, физички напад, каснување од куче скитник…

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 33 годишно лице  од село Барешани, битолско, поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 и „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. На 25.08.2022 околу 09.00 часот во семејната куќа во с. Барешани, пријавениот со остар предмет му нанел повреда на неговиот татко на возраст од 58 години, по што му одзел пари. Набргу потоа, напаѓачот бил пронајден и лишен од слобода.

На 25.08.2022 во СВР Битола било пријавено дека во обложувалница на ул. „Борис Кидрич” во Битола, едно лице со тврд предмет оштетил апарати за игри на среќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.08.2022  во СВР  Битола, Т.М. од Битола  пријавил дека на ул. „Прилепска“ во Битола неговиот малолетен син бил каснат од куче кое било со сопственик. По расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 25.08.2022 во СВР Битола, П.Ѓ.(23) од Битола, вработен како обезбедување, пријавил дека пред одигрување на ракометен натпревар во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола бил нападнат од лице од Битола со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 25.08.2022 во 19.00 часот во СВР Битола било пријавено дека бил пронајдено лицето на возраст од 67 години од Битола, за кој неговиот син претходниот ден пријави дека се оддалечил од домот. 

На 25.08.2022  во СВР Битола било пријавено дека при изведување градежни работи во с. Кукуречани била пронајдена граната. Граната била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и било утврдено дека се работи за артилериска граната со калибар 75 мм од Првата светска војна. 

More from ВестиMore posts in Вести »