Домаќините од Битола и нивните гости и на затворањето на 43. интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ поминаа по црвениот тепих пред влегување во големата сала на Центарот за култура во Битола, каде беа доделени наградите “Златна камера 300“ и свечено беше прогласен фестивалот за затворен.По црвениот тепих покрај наградените филмации, помина и меѓународното жири на фестивалот кои одлучуваа за наградите, директорот на фестивалот Мони Дамевски со добитникот на посебното признание “Камера 300“, амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, министерката за култура Бисера Костадоновска – Стојчевска.
Помина по црвениот тепих градоначалникто на Битола – Тони Коњановски, новиот ректор проф. д-р Игор Неделковски, бизнисмени, спонзори на фестивалот…Низ фотогалерија ви прикажуваме дел од битолчани и нивните гости кои беа на свеченото затворање на “Браќа Манаки“.