-Пред 10 години во спортската сала “Младост“ во Битола се одигра фудбалски натревар во мал фудбал помеѓи екипата на Пелистер и Фудбалската федерација на Македонија, а во тимовите имаше поранешни фудбалери, музички ѕвезди, кошаркари, моторциклисти, активни фудбалери, фудбалски судии…, а во тимот на ФФМ беше и тогашниот нивни претседател Илчо Георгиевки, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Ревијалниот натпревар беше во организација на ФФМ и Општина Битола и имаше за цел промоција на фудбалот и ФФМ за младите.
На паркетот во спортската сала ги видовме тогашната супер ѕвезда Даниело Кајмаковски, Лозано, Тони Мицевски, Митко Стојковски, Христијан Илиевски, Трајановски, Бруно Пресилски…
Сакако најмногу внимание предизвикаа музичките ѕвезди Даниел и Лозано кои, разбитливо предизвикаа и најногу внимание кај младите кои чекаа на ред за фотографирање и автограми.
[ngg src=”galleries” ids=”2168″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]











