Press "Enter" to skip to content

Концерт на српскиот камерен хор “Одјек“ во Битола (видео + фото)

Во концертната сака на Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа концерт на Камерниот хор “Одјек“ кој изведе обработки на песни од овој регион.Концертот кој го следеа битолчани им привлече внимание со хорските изведби на женскиот хор, солистичките изведби, секако следени со одличната придружба на интруменеталните изведби на клавир, флејта и виолина.На програма на хорот се најдоа македонска народни песни “Што ми е мило ем драго“, “Назад Калино, моме“ и “Ајде слушај, слушај, калеш, бре, Анѓо“.Најмногу внимание привлече солистичката изведба на “Зајди, зајди“, во изведба на соло сопранот Марта Благојевиќ.

Хорот “Одјек“ ги изведе и албанска народна песна “Јарнана“, босанска народна песна “Кад ја пођох на Бентбашу“, хрватска народна песна “Клинчек стоји под облоком“, српските народни песни “Посеја деда три леје лука“, Прелетеше птице ластавице“ и “Србијом“, како и помска народна песна “Ђелем, ђелем“.

More from БитолаMore posts in Битола »