Press "Enter" to skip to content

Школската година започна без ограничувања, среќни училишни денови на учениците

Денес на 1 септември започна новата учебна година, а за разлика од минатата година кога учениците стартуваа со мерки за заштита, со носење заштитни маски, или пред две години кога беа “он-лајн “ годинава основците и средношколците стартуваа без никакви ограничувања, па така џагорот на децата ќе биде вообичаен во школските простории и дворови.

Родителите, бабите и дедовците им истурија вода на учениците за лесна учебна година и ги испратија најмилите на училиште, а на училиште по две години ќе се организираат свечени приеми на првачињата, со прикладна приредба и запознавање со наставниците и уличиштето.

Нека им е среќна новата учебна година на сите ученици.

More from ВестиMore posts in Вести »