Од денес, петок, bitolanews, започнува нова рубрика, која ќе биде наменета за битолчани кои биле дел од ноќниот живот во изминатитете 40-тина години, но и помладите, да прочитаат за дел од урбаните локални битолски легенди, настани, лица, како се забавуваме, кои мајтапи ги правеле, анегдоти од тој период, запознавања, разводи…
За битолчани, кратко и јасно, секако без отривање на идентитот, за случувањата ќе пишува и ќе се присетува, кој друг ако не, Златко Кекел Самрџиев, сведок на сите случувања во изминатите 40-тина години, кој работел во најпознатите кафулина во тој период.
-Успешен петок на сите Битолчани и пошироко, започнува Кекело:
На времето порано, во 90-те години, работното време на кафичите беше до полноќ. Полицијата контролираше и неретко сопствениците кои работеа и подолго и имаа гласна музика – ги носеа со полициска кола во станица, на распит.
Еден таков кафич, на Широк Сокак, работи и пушта најгласна музика во “ТРИ сато САБАЈЛЕ“.
Доаѓа полицаец и му вели на газдата:
-Добро бе, три сато сабајле е, не си на Ракометно па да пушташ толку гласна музика.
Газдата му одговара на полицаецот:
-Добро бе, утре ќе клам два коша тука, лево и десно. Океј?