Можиме со оваа ретро фотографија, да најавиме дека специјален гостин на “Трчај Бе“ во Битола, кој ќе трча на трката од 5 километри, ќе биди до неодамна македонскиот рекордер на 5.000 метри, битолчанецот, Стевче Георгиевски, кој живее и работи веќе 30-тина години во Сиднеј, Австралија. Неговиот престој во Битола го искористивме за разговор со него кој се присети за постигнување на новиот рекорд на 5.000 метри, но и за неговиот јуниорски рекорд на 1.500 метри кој се уште е важечки.-Првиот рекорд на Македонија го истрчав во Солун на Балканското првенство за јуниори и тој беше со време 3,40 минути, а требаа секунди да ги соборам и сениорскиот турнир на Македонија. Во истата трка која се одржа наредниот ден, трчав на 5 километри, победив и бев балкански првак, но не го сруѓив рекордот. Рекордот на 5 километри на срушив и поставивб нов рекорд на Државното првенство во 1982 година во Марибор, се присетува Георгиевски, а за тоа како се подготвувал за рекордот вели:
-До поставувањето на рекордот со атлетика се занимавав седум години, со многу натпорна работа, со тренинзи два пати на ден, секако под раководство на професорот Илија Чукалковски, кој ги има сите заслуги за мојот спортски успех, односно поставувањето на рекордот на 5.000 метри на Македонија за сениори. Не испеав да поставам рекорд на ниво на Југославија, бев блиску, но условите во кои работевме ние во однос на она како работеа во Белград, Загреб или Љубљана беа многу различни и не ни овозможија поголем развој и секако и рекорди.
Стевче вели дека да се биде рекорден на Македонија во тоа време голема чест.
-Имав голема слава, ме имаше на телевизија, во весници, ме препознаваа, добивав признанија и награди, честитки од секаде… Имаше се, но немаше пари, и како и секогаш, а верувам и сега финансиските проблеми постоеле и секогаш биле на прв план, а потоа работењето на клубовите, тренинзите, условите, победите… Требаше и тогаш, но и сега треба градот да се избори атлетичарите да имаат подобри услови. Се надеам дека со изградбата на стадионот атлетичарите ќе имаат свои простории и услови за нови рекорди.
Рекордот на Стевче на 5.000 метри не беше соборен околу 30 години, а рекордот на 1.500 метри за јуниори е многу брз и се уште не се соборен, и во тоа време беше меѓу петте најбрзи времиња, за тоа време во светот. Само за илустрација е податокот дека ова време за 3-4 секунди беше подобар од времето на Себејтијан Кое, кој стигна до светски и олимписки титули.
-Детето кое ќе го собори овој рекорд на 1.500 метри, слободно можам да кажам дека ќе биде Олимпиец на македоноја и дека има одличен резултат. И тој рекорд е важечки 30 години, а би сакал да го собори битолчанец, но кој и да е ќе го наградам лично, како што тоа го направив со Дарио Ивановски, кој го собори мојот рекорд на 5.000 метри. Инаку за споредбата со Кое се кажам само едно тој беше во Лондон, а јас во Битола и работите се како што се, тој напредуваше, јас стагнрав во условите кои ги имав.
А, утре во 8 часот на стартот на трката на 5.000 метри на трката “Трчај бе“ ќе го водиме двата рекордер еден до друг Стевче и Дарио, а за тоа кој ќе биде побрз Стевче вели:-Ќе старувам на 5 километри утре, но предноста е кај помладиот, Дарио. Имам повреда на глуждот кој ја “носам“ долго време и ќе се пазам, но ќе истрчам, останатите нека се пазат.
Стевче во Австралија, во Сиднеј е скоро 30 години, доаѓа редовно во Битола, да ја посети родната куќа на Баирот, да се види со пријатели, со другари, но и таму не пропушта да потрча, да тренира колку е во можност во тие услови. Но, сега како вели има нов мотив за занимавање со неговиот омилен спорт.
-Сега ги тренирам внуките, и мислам дека ќе имам добри наследници. Спортскиот ген кој го имаме во семејството, јас и брат ми Пепи, кој беше одличен фудбалел, сега тренер, има кој да го наследи. Внуките покажуваат интерес започна да се натпреваруваат, но ќе оставам тоа да го потврди времето, а за тоа на што се потсетува кога се враќа во Битола додава:-Многу сум среќен кога се враќам во Битола, а уште од моментот кога ќе го одредам датумот за враќање и резервација на авио-билетите, ме фаќа еуфорија. А тука, се враќаат сите споени од детството, трките, веднаш морам да се видам со атлетичарит, одам Тумбекафе, малку тренирам, се присетувам на добрите и лошите работи. Овој пат имам два нови поводи, за среќа во Битола. Тоа е свадбата на мојата внука, ќерка на Пепи, и секако учествотто на “Трчај бе“. За мене самото учество, но и тоа што сум дел од организацијата е голема чест и сакам да им се заблагодарам на организаторите. Но, оваа прилика ја користам да ги поканам битолчани, да трчаат, а оние кои не можат да бидат на стартот, покрај патеката, на целта. Сите да им оддадеме чест на оние кои се охрабрја да трчаат, да не претставуваа како град.
Стевче Георгиевски заедно со тимот од “Трчај Бе“ се погрижија и победниците на оваа трка во машка и женска латегорија да добијат парични награди. Медалите и пехарите во оваа дисциплина ќе ги додели Стевче Георгиевски, легендата на битолската на македонска атлетика и АК Олимп од Битола.
Стевче за победниците, за оние кои трчаат и за идните атлетичари упати и порака:
-Со мојот настап да ги охрабрам сите кои трчаат, да не гледаат на години, да ја истрчаат трката, да бидат дел од неа. Младите атлетичари кои се Олимп или самостојно трчаат, треба да знаат дека ако се “зафатат“ со овој спорт тие мораат целосно да се посветат, бидејќи само така ќе успеат. Тие траба да се “жртвуваат“ како и со секој спорт, но за разлика од колективните спортови тука се сами на патеката. Тука сакам и да ги охрабрам родителите да им помагаат и да ги поддржуваат во секој поглед, бидејќи само така ќе стигнат до успех. Видов доста млади битолчани кои имаат талент, но само тоа не е доволно за рекорди и медали.
С.Ристевски