Press "Enter" to skip to content

Теодор Најденов од Битола првопласиран во “Б“ дивизијата, со Ицановски чекаат промоција во “А“ дивизијата

Петтиот мастерс од “Б“ дивизијата во “Амерички пул билјард“ во дисциплината “8-ка“ се одигра во “Гран клуб“ од Скопје, а причината беше, како и претходно, заради големиот број на играчи. На овој мастерс турнир и овој пат издоминираа играчите од Битола, како по квантитет и уште повеќе со играта и резултатите.

-Теодор Најденов, билијард играч од Битола, на овој турнир во “Б“ дивизија беше најдобар и со тоа го презеде врвот во генералниот пласман. Најденов на наредниот турнир и теоретски ќе го потврди пласманот во елитата, односно во “А“ дивизијата. Претходно најденов имаше пласмани на трето место и  двете втори места, а секоко е за споменување и првото место на многу квалитетниот роденденскиот турнир “Кај Петчи и Панчо“, вели Горан Думевски – Панчо, кој за останатите одлични резултати на битолчани додава:-Златко Ицаноски стандардно освојува медали, а на овој турнир освои трето место, што значи второ место во генералниот пласман. Ицановски и Најденов водечки и чекаат промоција на претпоследниот мастерс. Ицановски имаше и нов мотив за добра игра, раѓањето на неговиот син, па во прилика, сите играчи и тренери му честитаме.

Николче Србиноски пријатно изненади со својот втор влез во полуфиналето и со тоа останува во борба за едно од местата кои што водат во повисок ранг на натпреварување. Тони Петровски и Наум Гулевски имаат уште два турнира за конечно да ја валоризираат својата добра форма која ја прикажуваат во матичниот клуб но никако да го направат одлучувачкиот чекор.Печат на овој турнир остави 14 годишниот Илија Димовски кој загуби со тесен резултат од тогаш водечкиот Ицановски, а неговата игра беше забележана и поздравена од сите присутни. Вредно е да се спомене дека Илија е во тренажен процес веќе два месеци под менторството на Горан Думевски Панчо. Реџеп Клења имаше епизодна улога и кај него се забележуваше неговото апстинирање поради професионалните обврски.

Судија и Делегат беше Горан Думевски Панчо, што е посебно признание за него. 

More from ВестиMore posts in Вести »