Press "Enter" to skip to content

Денес се отвора изложбата “Атлантии Хипербореа“ – ликовна симфониска поема

Денес во Офицерскиот дом во Битола, во 12 часот, ќе биде отворена изложбата “Атлантии Хипербореа“, која е еден вид ликовна симфониска поема, составена од четири делови, ставови. Изложени ќе бидат околу педесетина дела: графики во голем формат, слики и рељефни скулптури.

Поточно, таа е еден расположен, ведар Реквием, посветен на 21 –от век, кој што уште во самиот свој почеток , безизлезно заринка. Опседнат со својата техничка, технолошка, самозаљубеност, егоцентричност, самоувереност, императорска патологија и скоро убеденост во надбожјето што го носи со целата таа планетрана технолошка бофолштина.

Изложбата е посветена на Фернардо Песоа, кој на португалски значи – Ништо.

 

 

More from КултураMore posts in Култура »