По две години пауза поради корона кризата вчера во Битола, љубителите на моторите и битолчани имаа прилика да уживаат во мирисот на бензин и изгорени гуми, посебно пред “Епинал“ каде поминаа учесниците на мото собирот, кој го организираше мото клубот “Конзули“ од Битола.-Огромна чест и задоволство ни беше прво да го најавиме, а потоа да организираме 10. јубилејно дружење на 10. јубилеен мото собир кој ние со успех го организираме, и во Битола го носиме кремот од мото клубовите во Македонија, истакаа од МК “Конзули“.
Мото собирот започна во 17 часот на платото на Офицерскиот Дом во Битола, а сите учесници во Битола пристигнаа неколку часа порано и прошетаа низ Широк Сокак, а како ни рекоа дел од скопските моторџии да уживаа во саботното кафе и да ја почувствуваат кафе шемата.
А на зборното место се собраа моторџии и моторџивки, млади и возрасни моторџии, на мотори “хонда“, “јамаха“, “сузуки“, мали и големи, на две или четири тркала…
Потоа во 18 часот следуаше традиционалното мото дефиле низ градот, каде со бучава и горење на гуми моторџиите ги поздравија сите кои ги поздравуваа каде и да поминуваа низ битолските улици.
Во вечерните часови на платото пред Офицерски дом се одржа, како ни рекоа, добрата забава за која беа адолжени бендот “Halfgod“ од Кичево и “Soud Waves“ од Битола.
Мото клубот “Конзули“ додели и благодарници на истакнати свои членови и мото клубови кои редовно се учесници на мото собирите во Битола, а на сите учесници и на останатите кои ги сакаат моторите им порачаа “Возете внимателно и пијте одговорно“.

Мирис на безнин и гуми на Широк Сокак, 10. јубилеен мото собир на МК “Конзули“ од Битола (мегафотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Манастирот “Св. Кирил и Методиј“ кај Лознани со голема прослава на празникот на нивните патрони, послужени над 1.000 гости (фотогалерија)
- СВР Битола: се тепале четворица го нарушиле јавниот ред и мир, малолетничко насилство
- Матурантите од Горната од Битола на заслужена матурска прослава (фотогалерија)
- Никола со филмско сценарио и со три музики на “Магнолија“ во Битола ја запроси Алвона, а таа кажа ДА (видео + фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
More from ВестиMore posts in Вести »
- Највисокото признание на Алексинац, Србија за прим. д-р Таше Трпчевски од “Плодност“ Битола за зголемувањето на наталитетот во регионот
- Кружниот напаѓач Самоил Ристевски ја заврши сезоната, ја скрши ногата во Скопје
- Младите ракометари на Еурофарм Пелистер во финале од Ф4
- Концерт на воениот оркестар на АРМ и воениот оркестар од Вермонт, САД (фотогалерија)
- СВР Битола: претреси и апсења за марихуана и оружје и муниција