Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го задржа пехарот за Супер купот во Битола, победен Вардар во драматичен натпревар (фотогалерија)

Вардар – Еурофарм Пелистер 22:23 (12:12)

Спортска сала „Билјанини извори“ – Охрид Гледачи: 2.000
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Вардар 1961: Ристовски, Томовски, Манасков 4, Стоилов 2, Моралес 2, Георгиевски 1, Добрковиќ, Карапалевски 2, Чувара, Лазаревски, Савревски, Талески 10, Ѓукиќ, Атанасовски, Ќосевски, Мишевски 1.

Еурофарм Пелистер: Лесјак, Кизиќ, Ојлески, Кузманоски 3, Стоилевски, Радовиќ, Танкоски, Хосни 7, Костески, Дејвис 1, Кукоски, Васиљев 3, Суси 4, Пешевски 4, Сери 1, Пав. Атанасијевиќ.Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола одбранија титулата во Суперкупот на Македонија, откако го победија Вардар во Охрид со резултат 22:23, полувреме 12:12. Супер купот беше вистинска драма по сменување на водството кај двете екипи, односно многу пресврти, промени во водството и атрактивен ракомет, со одлични индивидуални потези, како од одличена ракометна навивачка атмосфера.“Пелистерци“ во состав Хосни, Танкоски и Сери на бековските позиции, Васиљев на пивотменското место, како и Радовиќ со Кузманоски на крилата, го започна натпреварот, и натпреварот се отвори со реми 1:1, а потоа Вардар имаше +2 (5:3). Пелистер дојде до реми 5:5, а потои и на 5:6. “Пелистерци“ имаа 2 гола предност, на крајот на полувремето Вардар имаше 12; 11), а на одмор се замина 12:12.Вториот дел започна со три гола за 12:15. Потоа Вардар направи 5:0 за пресврт, а по борбена игра на битолчани беше 20:18 и Вардар веезе во завршницата со +2. Следуваше промена на голманите кај двете екипи, а во 56. минута од мечот беше 22:22. Скопјани не реализираа два напади во клучни моменти.Еурофарм Пелистер преку Суси во последните 50 секунди имаше гол предност 22:23. Вардар напаѓаше за израмнување, Талески на два пати не успаа да погоди за израмнување и за пенали, Кизиќ одбрани, па пелистерци се радуваа на победата во дербито. 

More from ВестиMore posts in Вести »