Press "Enter" to skip to content

Сојузот на борци одржа Свечена академија посветена на 80 години од формирањето на партизанските одреди… (фото)

Органицијата на Сојуз на борци од Битола и граѓаните продолжувачи на нивното дел вчера во киното “Манаки“ во Битола одржа свечена академија посветена на 80 години од формирањето на партизански одреди и загинувањето на битолските партизани од НОАВМ како и 75 години – Сојуз на борци од НОАВМ.На настанот се обрати претседателот на Сојуз на борци од Битола, Стефан Бошков, со осврт на работењето на организацијата како и мислење за актуелната политичка ситуација, а нагласи дека битолската организација е најактовна организација во државата.Манифестот на АСНОМ има исто значење за нас како Декларацијата за независност на САД, а дали некој таму ќе се дрзне да не ја почитува таа декларација, како што се прави кај, преку примерот со отворање на клубот “Ванчо Михајлов“ – бугарскиот неофашистички клуб, и “Борис Трети“, а можеби следува генерал Маринов. Бугарскиот неофашизам создава нова нација – граѓани со бугарска самосвест, не по раѓање.Уште во 1941 година Бугарите имале обиди да се направи прослави Илинден, но битолчани се спротиставиле со растурање летоци, но и сега се искривува историја, рече Бошков на Академијата, кој ги најави и следните активности на Сојузот на борци, поставување на нови бисти на загинатите борци и реконтрукција на Партизанските гробишта.Воедно, на настанот беа опфатени партизанските одреди кои се формирале во 1942 како и партизаните кои загинале во 1942 година.Пред присутните се обрати и Ивана Атанасовска, а свој настап имаше и дувачкиот оркестар на Државното музичко училиште во Битола, а на самиот крај се обрати и професорот Јован Кочанковски.Претходно, во текот на денот беше положено цвеќе на споменикот на Стив Наумов, кај Офицерски дом во Битола.