Во салата за конференции на Вишата медицинска школа во Битола денес се одржа стручен состанок “Да ја направиме Сепсата национален и глобален здравствен приоритет”, како што е годинешното мото за одбележување на Светскиот ден на сепсата, 13 септември.Организатор на Светскиот ден на сепсата е службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Клиничка болница “Д-р Трифун Пановски“ од Битола, а оваа година по прв пат во Македонија се вклучува во светското одбележување.
Предавачи на оваа тема беа раководителот на САРИЛ при Клиничката болница Битола, д-р Сотир Николовски и Владо Дамевски анестезиолог во САРИЛ. Николовски на почетокот на стручниот состанок рече дека му е посебно мило што после повеќе од две години имаат прилика да разменат искуства на посреден начин, а не “он-лајн“, а присустите ги поздрави претставник на Лекарската комора.
Николовски на почетокот зборуваше за истроријата на сепсата, а за денешната состојба, а одржа и предавање на тема “Да ја направиме Сепсата национален и глобален здравствен приоритет“.
-Во светот веќе 10 години наназад масовно се одбележува Светскиот ден на сепсата, а оваа година го организираме овој стручен настан за прв пат, а тоа го правиме со цел подигање на свеста за сепсата и нејзините последици помеѓу населението и медицинскиот персонал. Идејата е преку овој стручен состанок да се испрати апел за превенција, рано препознавање и итен третман на сепсата. Да се промовира ставот за сепсата како животно загрозувачка состојба од итен карактер, како и иницијатива за поголемо вклучување на медиумите, државните власти и потенцијалните донатори во борбата за намалување на стапката на морталитет на сепсата, рече Николовски, кој за денешната состојба додаде:
-Сепсата е состојба која го загрозува животот и настанува поради несоодветна одбрана на организмот од инфекција и е водечка причина за хоспитализација во единиците за интензивна нега. САРИЛ како витална служба во Клиничка болница Битола, е директно вклучена во навремено препознавање и лекување на пациентите со сепса. Сепсата е голем здравствено-економски проблем, зафаќаат голем број на ризични популации, доведува до смртен исход кај секој четврти заболен пациент, лечењето скапо, а морталитетот голем. На секои 3 секунди умира по еден пациент. Затоа сите здравствени работници треба да бидат запознаени како брзо да ја препознаат сепсата и веднаш да го започнат третманот според најновите протоколи за лекување на сепсата.
Како во иднина да се намали сепсата Николовски додаде:
-Мора да работиме на подигање на јавната свест за превенција на вонболничките и болничките инфекции, редуцирање на употребата на антибиотска терапија, секогаш кога е потребно строго придржување на принципите на антисепса и стерилност, како и апелирање за редовна вакцинација.
На стручниот состанок зборуваше и Владо Дамевски на тема “Сепсата од перспектива на инфекција“.
Сите лекари кои учествуваа на денешниот стручен состанок ќе добијат валидни сертификати.

Стручен состанок “Да ја направиме Сепсата национален и глобален здравствен приоритет” организира САРИЛ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски
- Пораз на Еурофарм Пелистер, Алкалоид со прва победа во Битола (фотогалерија)
- Извештај на СВР Битола за јануари и февруари за преземени мерки и активности од недозволена трговија со оружје
- Општина Битола: јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертер клима уреди
- СВР Битола: приведено лице барано со потерница