Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: стотици битолчани, Ламбе, “Паркети“ и “Памперци“ ја пречекаа Оливера со златото од Лондон (фото)

-По освојувањето на освојувањето на златниот медал на Параолимписките игри во Лондон, во дисциплината стрелање со воздушен пиштол од 10 метри, при што го собори и светскиот рекорд, во Битола беше организиран пречек на Оливера Наковска – Бикова, каде ја пречекаа стотици битолчани, предводени од градоначалникот Владимир Талески, кој заедно со Сојузот на спортови и Општина Битола го организираа пречекот, заполна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. -Во чест на големиот успех на Оливера Наковска Бикова, Општина Битола  организира едночасовна музичка програма со наслов “Добре ни дојде Оливера Наковска Бикова“, на која сите им го честитаа успехот на Оливера и и посакаа уште многу вакви успеси, а како одминуваа овие 10 години од тогаш шампионката Оливера тоа и го оствари со освојување медали на Европски, светски првенства и олимпијади.Оливера Наковска Бикова на прославата искажа голема благодарност до сите граѓани и нејзини искрени поддржувачи на патот до големиот успех.Свое обраќање имаа и д-р Нико Јанков, претседател на здружението на телесно инвалидизирани лица и Васко Стефановски, претседател на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди – Битола.Дел од музичката програма беа Ламбе Алабаковски и познатите битолски групи “Памперси“ и “Паркети“, а младите битолчани уживаа во програмата и приликата ја искористија за фотографирање, а верувам дека тие фотографии и по 10 години им се драг спомен од таа убава септемвриска вечер на “Магнолија“ во Битола, вели Миновски.

More from ВестиMore posts in Вести »