Press "Enter" to skip to content

Во петок, во пазар, урбани приказни со Кекело… наопаку или налице, сто марки се сто марки

За битолчани, кратко и јасно, секако без отривање на идентитот, за случувањата пишува и не присетува, кој друг ако не, Златко Кекел Самарџиев, сведок на сите случувања во Битола, во изминатите 40-тина години, кој работел во најпознатите кафулина во тој период.

-Крај на девеесетите, Битола, во еден полн-преполн популарен кафич, внатре повеќе стоиш одошто одиш. Ти треба 15 минути да поминиш 15 метри од влезната врата до шанко. Чад од цигари – колку сакаш, со нож да го сечиш, започнува Самарџиев.

Насмеани и дотерани Битолчани, среќни што се внатре. Со туркање и гужвање поминва келнеро покрај еден лик, со преполна тафта пијачки која ја носи над главите на сите гости. Најголема уметност на келнеро беше да ги однеси и послужи пијачките од тафтата (тежи околу три кила), а да не ги истури врз главите на гостите (за појаснување – тафта е послужавник).

Врви значи келнеро покрај ликов и гледа – блузата му е наопаку облечена, етикетата му е од надворешната страна, може да се прочита и марката и како се пери. И рабовите сошиени се гледат. Застанва келнеро и му вели:

– Абе, блузата ти е наопаку облечена, ти се гледа етикетата назад.

– (ликот) Види бате, 100 марки наопаку или налице, исто ти е. Сто марки си се сто марки.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »