Press "Enter" to skip to content

“Сумнал“ ја започна првата серија работилници во Битола од проектот “Уметност и креативност“

Деновиве се одржа првата серија на локални работилници во рамките на проектот „Уметност и креативност“ кој „Сумнал“ од Битола го спроведува во партнерство со организации од Шпанија, Италија, Полска и Романија. Првата работилница се одржа со деветтоодделенци од ООУ„Ѓорѓи Сугаре“ – Битола, а втората со млади од ромската заедница во просториите на „Сумнал“ во Битола.

За време на работилниците се разговараше за влијанието на музиката во начинот на однесување, размислување и креативноста. Работилниците се дел од локалните активности кои се имплементираат после првиот одржан тренинг за стекнување вештини за поттикнување на креативноста кај младите преку музика и танци одржан во Тарнобжег, Полска во јуни 2022 година.

Благодарност до Горјана Стојановска, наставник по пијано во Основното музичко училиште во Битола, која е дел од тимот за организација и одржување на работилниците, како и на директорот Роберт Филиповски и наставникот Марјан Тасевски од ООУ„Ѓорѓи Сугаре“ – Битола.

Проектот е финансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата, а го координира организацијата „Екокомпартимос“ од Шпанија.

More from ВестиMore posts in Вести »