Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир

На 28.10.2026 во 13:50 часот во СВР Битола, 48-годишна битолчанка пријавила дека во периодот од 2021 до 2026 година телефонски и на социјални мрежи била вознемирувана од Н.Н. од Битола, кој на секаков начин се обидувал да воспостави контакт со пријавителката. Според пријавеното, таа пред неколку години била во љубовна врска со лицето. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 28.10.2026 во 18:30 часот во СВР Битола, А.Р. (29) од Битола пријавил дека на ул.„Караорман” во Битола бил физичи нападнат од М.В., кој употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 28.10.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.Т. (51) од Битола бидејќи во кругот на ЈЗУ „Клиничка Болница“ во Битола го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.