Press "Enter" to skip to content

Утре ќе се одржи “off road“ вело и џип тура “Добро поле 2022“

Утре, 24 септември, ќе се одржи “off road“ вело и џип тура “Добро поле 2022“ во организација на  здружението “Оф Роуд Македонија“.

Вело и џип турата е еднодневно дружење до Добро Поле, местото каде на 15 септември 1918 година се случил пробојот на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна.

 “Оff road“ вело и џип тура “Добро поле 2022“ турата е од отворен тип и учество може да земат теренски возила и велосипедисти од Македонија и странство.

Поаѓањето за велосипедистите е во 8 часот од манастирот “Св. Атанасиј“ кај село Старавина, а за џиповите во 9 часот од истото место. 

Здружението “Оф Роуд Македонија“ ќе обезбеди логистичка поддршка за велосипедистите со теренски 4х4 возила.

Учеството на настанот е бесплатно.

Повеќе информации околу настанот можете да најдите на следниот линк:
https://off-road.mk/dp/

 
More from ВестиMore posts in Вести »