Габриела Илиевска, претседател на Советот на Општина Битола минатите неколку денови беше дел од студиска посета на Малме Шведска, во рамки на програмите кои ги организира “NDI“.-Шведска е пример како функционира стабилен, граѓанско ориентиран систем. Државата има силен здравствен и социјален систем кој овозможува еднакви можности за мажите, жените и децата(можност за економска самостојност на жените, максимална здравствена заштита на сите како и заштина на деца, жени и мажи, жртви на семејно насилство), вели Илиевска и додава:
-Тоа е пример за врвен професионализам, граѓаните ги почитуваат правилата и секој работи и го интересира само она за што е платен. Беспрекорно чист град каде заедно и граѓаните и општината и државата подеднакво се грижат и ги почитуваат сите свои обврски.