Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола и оваа година традиционално го одбележа 26. септември, Европскиот ден на јазиците, а во огранизацијата беа вклучени предметните наставници по македонски јазик и литература, француски јазик, англиски, германски и латински јазик.
Ништо немаше да биде успешно без учениците и нивните родители, кои се погрижија за настанот да биде како што прилега за претставување на еврооските кујни.
На настанот присуствуваше и Почесниот конзул на Република Франција во Република Македонија во Битола, Калиопа Кривашија – Стилиновиќ.
Во 2001 година Советот на Европа и Европската комисија го определува 26 септември како датум за одбележување на Европскиот ден на јазиците.
Целта е да им се даде значење на јазиците како фундаментален и нераскинлив дел од културното наследство на Европа и сите активности коишто се организираат на овој ден, се во насока на истакнување на важноста од изучувањето на јазиците.
Европскиот ден на јазиците од една страна ја промовира богатата јазична и културна разноликост на Европа и придонесува за подигнување на свеста за многујазичноста и меѓукултурното разбирање, а од друга страна ја промовира и поддржува идејата за доживотно учење јазици во и надвор од училиштата, студирањето, како и изучување јазици за професионални потреби или за задоволство.
Фото: Дамијана Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”1189″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






