Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 729 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19, од Битола се 10.
Регистрирани сe 37 оздравени пациенти од Битола 1. До сега во Битола има 17.923 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 24 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице, нема од Битола.
Направени се во Битола 34 тестови, преку ЦЈЗ Битола 32 и преку “Плодност“ 2.
Досега во земјата се направени вкупно 2.168.157 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.775, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 435.






